Рускиот опозициски лидер Владимир Кара-Мурза/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во Москва уапсен Владимир Кара – Мурза, руски опозиционер и критичар на Путин

Рускиот опозициски политичар Владимир Кара – Мурза е уапсен во текот на вчерашниот ден, пред својата куќа во Москва, јави ДПА.

Причините за апсењето се непочитување на наредба од полицаец, војник и службеник на федералната безбедносна служба.

За ова дело, може да се одреди казна затвор до 15 дена.

Критичарот на рускиот претседател Владимир Путин, претходно изјави дека преживеал два обида за труење, за што ја обвинува руската тајна служба.

Истражување спроведено од групата Белингкет (Bellingcat), покажало дека Кара – Мурза бил следен од агенти на руската тајна служба ФСБ, за кои, исто така, постојат сомнежи дека се вмешани во труењето на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот