Profimedia

Во моментот кога светот му се распадна, таа му ја врати вербата во љубовта – Која е сопругата на Пирс Броснан?

Пристигнувањето на Пирс Броснан на премиерата на неговата нова серија „Мобленд“, одржана во Њујорк, привлече посебно внимание главно поради неговата придружничка – неговата сакана сопруга Кили Шеј Смит.
Броснан помина цели 11 години во брак со Касандра, а по нејзината смрт, ирскиот актер мислел дека никогаш повеќе нема да најде љубов. Останал вдовец и самохран татко, разочаран од животот, додека три години подоцна не запознал жена која го освоила на прв поглед.

Додека светот ја знае како сопруга на познатиот актер Пирс Броснан, Кили Шеј Смит изгради своја импресивна кариера. Од модел и актерка до еколошки активист и режисер, нејзиното животно патување е доказ за нејзината посветеност на уметноста, животната средина и семејството.

Кили ја започнала својата кариера како манекенка, но брзо сфатила дека не сака да биде дел од индустријата која, како што изјави за Чикаго Трибјун во 1995 година, „го пропагира митот за убавината“. По кратката актерска кариера, таа го нашла својот вистински повик во новинарството.

Profimedia

Како дописник за Entertainment Tonight, Today и Good Morning America, таа интервјуирала бројни познати личности, меѓу кои и Опра Винфри и Мадона. Но, нејзината страст за животната средина постепено го заземала централното место во нејзината кариера. Таа станала истакнат застапник за заштита на животната средина и правата на животните, работејќи на зачувување на морските цицачи, мочуриштата и загрозените видови.

Во 2016 година, таа го имаше своето деби како режисерка на документарниот филм „Poisoning Paradise“, кој ги разоткрива штетните еколошки практики на хавајскиот остров Кауаи, каде што таа и Пирс поминуваат дел од годината.

Љубовна приказна која трае повеќе од две децении

Кили и Пирс се запознале во 1994 година на забава во Мексико, каде што таа отишла да направи интервју со актерот Тед Дансон. По седум години врска, парот се венчал во 2001 година.

Имаат два сина, Дилан и Парис, кои ги следат стапките на нивните родители во манекенството, глумата и еколошкиот активизам.

„Нашата мајка е одлична. Таа отсекогаш беше главен филантроп во семејството“, изјави Парис Броснан за магазинот „Пипл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот