
ВИДЕО | Во Лондон се отвори Центарот „Дејвид Боуви“ во кој се сместени над 80.000 предмети од неговата лична колекција
Дејвид Боуви беше една од најголемите легенди во историјата на музиката. Британскиот кантавтор се смета за еден од највлијателните музичари на 20 век, чија кариера беше обележана со редефинирање и визуелна презентација, а неговите песни и изведби имаа огромно влијание врз популарната музика. Едноставно кажано, тој беше икона.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тешко дека ќе најдете личност која не слушнала за него, па дури и по неговата смрт во 2016 година, интересот за неговото наследство е голем. Затоа Центарот „Дејвид Боуви“ се отвори во Лондон минатиот викенд. Тоа е импресивна и сеопфатна архива сместена во музејот „Викторија и Алберт“, пишува „Журнал“.
Центарот „Дејвид Боуви“ не е само уште еден музеј. Тоа е жива архива која дава длабок увид во креативниот процес на Боуви. Во него се сместени над 80.000 предмети од неговата лична колекција.
Меѓу нив се рачно напишани текстови на песни, костими, инструменти и дневници. Посетителите можат да видат оригинални скици и белешки за албуми како што се „The Rise and Fall of Ziggy Stardust“ и „The Spiders from Mars“. Архивата содржи и ретки снимки и никогаш претходно објавен материјал.
Ова е прв пат ваква колекција да биде достапна за јавноста на едно место. Центарот „Дејвид Боуви“ е наменет за сите љубители на неговата музика.
Една од најинтересните работи во центарот е колекцијата на легендарните костими на Боуви. Од футуристичките костуми на Зиги Стардаст до елегантните облеки од подоцнежните фази од неговата кариера. Секој костим ја раскажува приказната за една ера. Посетителите можат да видат како Боуви визуелно се менувал.
Посебно место зазема дванаесетжичната акустична гитара на која ја напишал и снимил легендарната песна „Space Oddity“. Тука е и оригиналната клавијатура од албумот „Heroes“.
Покрај изложбениот простор, Центарот има и едукативна улога. Во него се наоѓа истражувачки центар. Отворен е за студенти, уметници и научници. Тие можат да го проучуваат делото и влијанието на Боуви врз уметноста. Архивата ќе биде постојан извор на инспирација. Ќе служи за нови истражувања и креации. Целта е наследството на Боуви да се одржи живо и да расте.
Центарот Дејвид Боуви е отворен за сите посетители и се наоѓа во рамките на Музејот V&A во Лондон, во област посветена на уметници и дизајнери. Влезот во центарот е бесплатен, но потребен е временски ограничен билет, додека донациите се добредојдени. Отворањето на центарот беше финансирано од голем број донатори кои ја препознаа важноста на зачувувањето на делото на Боуви.
Се верува дека центарот ќе стане едно од најважните места за љубителите на музиката. Не само од Велика Британија, туку и од целиот свет.