Фото: Приватна архива

Во Кривопаланечко избија три пожари кои се приближуваат кон домовите, надлежните бараат помош и од жителите

Во населбата Лозанови во Крива Паланка и околното село Градец, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните.

„Сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, повикана е помош и од општина Ранковце, каде има активен пожар во село Милутинци, а на терен се и екипи од Јавно претпријатие Македонски шуми и голем број месно население. Една од најновите дојави е дека неколку куќи во селото Градец се изгорени“, информира командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски, од терен кај пожарите упати апел до сите граѓани што се во можност, до месното население, да помогнат во гаснењето.

„Општината е зафатена од сериозни пожари кои се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите и безбедноста на нашите сограѓани. Огнената стихија се приближува до населеното место Лозаново, мораме да дејствуваме веднаш! Ги повикуваме сите граѓани што имаат можност и подготвеност – да се приклучат и помогнат во локализација и гасење на пожарите. Секоја помош е од непроценливо значење и секој човек значи разлика. Ова е момент за единство, солидарност и хуманост. Да се мобилизираме како заедница за заштита на нашите домови и природа“, напиша на својот Фејсбук профил Митовски.

 

Posted by Sasko Mitovski on Среда, 9 јули 2025

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот