Тамара Грујеска / Фото: Принтскрин / Инстаграм / Фејсбук

Во конкуренција од 25 финалисти: Младата пејачка Тамара Грујеска го освои третото место на фестивалот „Санремо Јуниор“

Младата пејачка Тамара Грујеска (14) го освои третото место на годинашниот фестивал „Санремо Јуниор“ во Санремо, Италија.

Нејзиниот настап на 16. издание на овој реномиран фестивал за талентирани деца беше во легендарниот театар Аристон во Санремо, каде беше придружувана од оркестарот на фестивалот составен од 32 музичари.

Тамара настапи во конкуренција од 25 учесници од Казахстан, Белорусија, Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Бугарија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербејџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија.

За овој настап, таа се подготвуваше со нашата поп-пејачка и музички педагог, Андријана Јаневска која ја сподели убавата вест на официјалната страната на нејзиното музичко училиште.

„Трето место на ‘Санремо Јуниор’ за нашата Тамара Грујеска! Имаше над илјада пријавени кандидати, а Тамара се пласираше во големото финале каде после изведбата во живо со оркестар, во конкуренција од 25 финалисти го освои високото трето место. Честитки за извонредниот успех, Македонија се гордее со тебе! Благодарност до сите кои ни дадоа поддршка!“, стои во објавата на Фејсбук.

Тамара во живо ја испеа евровизиската победничка песна „Rise Like A Phoenix“, а како што претходно изјави, таа настапот го посвети на настраданите и нивните семејства во немилиот настан во Кочани.

Во досегашната кариера, Грујеска е добитничка повеќе значајни награди на фестивали во Русија, Србија, Грција.

Грујеска има закажано повеќе настапи за годинава, меѓу кои и на фестивалот во Естонија „Талин војс 2025“ од 1 до 5 мај и на „Мјузикленд“ во Битола и Охрид 13 до 17 август.

Младата пејачка Тамара Грујеска вечерва ќе настапи на Санремо Јуниор: „Настапот ќе им го посветам на настраданите во Кочани“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот