Канал/Фото: МИА

Во каналот од хидросистемот „Брегалница“, пронајдено машко тело

Во магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, на потегот меѓу селата Истибања и Оризари во десниот дел пронајдено е машко мртво тело доцна попладнево.

Откако пристигна информацијата до надлежните, вработените во водостопанската подружница од Кочани го запрea дотокот на вода од браната Калиманци, со цел мртвото тело да се извлече од каналот.

Првичните непотврдени информации говорат дека станува збор за 29-годишно машко лице од Истибања.

Полициски екипи и јавни обвинители треба да направат увид и да го потврдат и официјално идентитетот на настраданиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот