Луѓе во Јужна Кореја / Фото EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Во Јужна Кореја прогласена национална демографска вонредна состојба

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска прогласи национална демографска вонредна состојба поради намалувањето на населението, ветувајќи дека ќе вложи максимални напори за борба против екстремно ниската стапка на наталитет во земјата.

Јун го изјави ова за време на состанокот на претседателскиот комитет за ниска стапка на наталитет и стареење на населението, кој предупреди дека населението во Јужна Кореја на крајот би можело да изумре доколку трендот на екстремно ниска стапка на наталитет не се промени.

-Денеска официјално прогласувам национална демографска вонредна состојба. Ќе активираме сеопфатен систем за одговор на владино ниво додека не се надмине проблемот со нискиот наталитет, рече Јун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот