
Во јули регистрирани седум новозаразени со ХИВ/СИДА
Во текот на месец јули, биле евидентирани седум случаи на заболени од ХИВ/Сида. Како што се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, од заболените шест случаи се од машки а еден од женски пол.
Препорачано
– Во текот на месец јули пријавени се пет потврдени случаи на ХИВ и два случаја на СИДА, шест случаи се од машки и еден од женски пол. Во однос на возраста, по две лице припаѓаат на возрасната група од 20 до 29, 30 до 39 и 40 до 49 години, едно лице припаѓа на возрасната група од 50 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи – заклучно со 31 јули 2024, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987 до 2024, изнесува 674 и тоа 128 лица починале, 546 лица живеат со ХИВ/СИДА, се додава во извештајот.
Кога станува збор за сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, во јули биле регистрирани 13 заболени лица. Од нив, шест случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б, два на гонореја и еден случај на инфекција со хламидија.
За споредба, во 2023 година бил евидентирани 37 случаи на ХИВ заболени и 13 заразени со Сида. Најголем дел од заболените се во Скопје, па следат Струмица, Гостивар, Кочани, Охрид по тројца заболени, Штип, Тетово, Велес со двајца заболени.