Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Во јануари за 4.4 % повеќе туристи за разлика од истиот месец лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесувал 49.870, од кои 36.8 % се домашни туристи, а 63.2 % се странски туристи. Евидентирани се 106.894 ноќевања, од кои 42.5 % се од домашните туристи, a 57.5 % од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари годинава, во однос на јануари 2024, е зголемен за 4.4 %, a бројот на ноќевањата е зголемен за 4.7 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 4.9 %, а на странските е зголемен за 10.8 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален за 7.9 %, а кај странските туристи зголемен за 16.5 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот