Градежници работници / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Во јануари издадени 256 одобренија за градење

Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 илјади денари, што е за 41.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (18.8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 164 (64.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56.031 м2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот