
Во издание на „Перун Артис“ објавена е книгата „Драми“ од Ана Ристоска Трпеноска
Неодамна од печат излезе збирката драми на Ана Ристоска Трпеноска под наслов „Драми“, а во издание на „Перун Артис“ од Битола. Драмскиот ракопис на Ана Ристоска Трпеноска во голема мера потсетува на промислување на Мартин Кримп, драматичар кој заврти нова страница во Британската драматургија. Таа е остра, неприкосновена, опскурна и ситничава во своите реплики, егзактна и сурова, но, од друга страна, е филозофски прибрана, длабока и неселективна.
Препорачано
Во книгата се поместени драмите: „Јас, на некое друго место“, „5:17“, „Да тргнеме, сењор“ и „Големите очекувања“. Овие четири драми зборуваат за драматуршка појава која во македонската драматика плени со својата специфика и комплексност.
Драматиката на Ана Ристоска Трпеноска е тензична, со софистициран и ангажиран хумор. А кога ќе помислиме на пораките што остануваат да висат во воздухот… Веројатно ќе ги превртуваме низ мислите по заминувањето од претставата или при анализата на впечатоците од прочитот на нејзината книга.
Книгата може да се најде во книжарниците на „Или-или“, „Полица“, „Три“ (ГТЦ), „Литература.мк“ (улица „Македонија“, „Илика“ во Скопје и во „Букхаус“ во Битола.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 238, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 6-7.7.2024)