Снимка од приведувањето на осомничениот наркобос - Фотографија: Профил на Јерликаја на Фејсбук

Во Истанбул приведен Кристијан Палиќ, водач на балканско крило на европски наркокартел

Министерот за внатрешни работи на Турција се пофали дека во истанбулскиот кварт Бешикташ е уапсен лидер на „западното балканско крило“ на меѓународен наркокартел.

Министерот Али Јерликаја додаде дека при акцијата „Картел 3“ бил уапсен Кристијан Палиќ, хрватски државјанин по кого била распишана меѓународна потерница од Интерпол.

– Кристијан Палиќ, еден од шефовите на „Западното балканско крило“, по кого беше распишана „сина потерница“, е уапсен во Бешикташ. Решени сме да ја исчистиме Турција од национални и меѓународни групи на организиран криминал и од трговци со отров – порача министерот Јерликаја.

Тој додаде дека Палиќ е одговорен за шверц на кокаин од Јужна Америка, во соработка со други картели низ Европа, воспоставил врски со криминални организации во Јужна Америка и имал важна улога во перењето пари стекнати од криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот