Фото: Општина Илинден

Во Илинден ќе се селектира и собира електричен и електронски отпад

На 12 локации во општина Илинден се поставени специјализирани контејнери наменети за електричен и електронски отпад. На поставените контејнери има инструкции за користење како и список на дозволени видови отпад кои може да се фрлаат во него. Важно е да се напомене дека контејнерите не се наменети за комунален отпад, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали.

Општина Илинден согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ , на овој начин, со поставување на контејнерите, започна со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад.

Целта е ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема на подрачјето на Општината, а со тоа спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со овој вид отпад – информираат од Општина Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот