Кристина Еплгејт / Фото: EPA

„Во голема болка сум, вриштам“: Кристина Еплгејт хоспитализирана поради инфекција на бубрезите

Актерката Кристина Еплгејт, позната по улогата во серијата „Во брак… со деца“ (Married… With Children), откри дека е хоспитализирана поради инфекција која се проширила на двата бубрега, предизвикувајќи ѝ силни болки.

Во новата епизода од поткастот што го води заедно со актерката Џејми-Лин Сиглер, Еплгејт зборуваше директно од болничка соба во Лос Анџелес. Таа раскажа дека болката што ја почувствувала била толку силна, што помислила дека ѝ пукнало слепото црево.

„Бев во толкава болка што вриштев. Болката се ширеше од грбот кон предниот дел. Ми направија итна компјутерска томографија во два часот по полноќ и утврдија дека имам инфекција на бубрегот, која потоа се проширила и на левиот бубрег“, изјави таа.

Актерката, која има 53 години и се бори со мултиплекс склероза, била задржана во болница седум дена.

За списанието „Пипл“, преку свој претставник, потврди дека сега е дома и дека добила соодветен третман.

„Во болница отидов веднаш по враќањето од Европа, каде што бев во посета на семејството. Не сакав да се разбудам среде ноќ и да морам да одам во итна помош. Сакав веднаш да бидам примена, да ми направат сè што е потребно“, објасни Еплгејт.

Таа рече дека иако се обидува да се шегува, не може да ја сокрие болката и емоциите.

„Сум како вреќа полна со солзи. Понекогаш само паѓам во прегратките на медицинските сестри и плачам“, изјави актерката.

Лекарите првично се сомневале дека станува збор за инфекција на уринарниот тракт, па дури ја прашале и дали се брише правилно по користење на тоалет.

„Сериозно? Имам 53 години. Секогаш сум била педантна кога станува збор за хигиената. Јас сум чиста жена“, одговорила таа со доза на иронија.

Поради инфекцијата, Еплгејт во моментов прима интравенска терапија со антибиотици. Ова е уште еден во низата здравствени предизвици со кои се соочува откако јавно обелодени дека боледува од мултиплекс склероза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот