Гладни деца во Газа/Фото: Abed Rahim Khatib / AFP / Profimedia

Во Газа со падобрани спуштени 25 тони хуманитарна помош од Јордан и Обединетите Арапски Емирати

Два јордански авиони и еден авион на Обединетите Арапски Емирати денес со падобрани спуштија 25 тони хуманитарна помош во Појасот Газа, соопшти јорданската армија.

Денес, јорданските вооружени сили извршија три падобрански испораки на хуманитарна помош во Појасот Газа, од кои едната беше извршена со Обединетите Арапски Емирати, објави армијата, посочувајќи дека биле испратени 25 тони помош..

Израелската армија денеска објави дека нема да извршува напади во три населени области во Газа 10 часа на ден и ќе отвори безбедни патишта за доставување помош до Палестинците, на кои им е очајнопотребна.

Израел, кој го држи Појасот Газа под опсада од почетокот на војната против Хамас на 7 октомври 2023 година, на почетокот на март оваа година воведе херметичка блокада на територијата, делумно ублажена кон крајот на мај, што доведе до сериозен недостиг на храна и основни потреби. ОН денеска соопштија дека по објавувањето на Израел за воспоставување пауза во непријателствата околу три густо населени области во Газа, првите камиони со помош почнале да ги преминуваат граничните премини кон таа територија.

Израел го објави ова прекинување по повеќекратните предупредувања од Обединетите нации и невладините организации за алармантното зголемување на неухранетоста кај децата и ризикот од општо гладување кај населението во Газа, поради блокадата и војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот