Во Франција недела на уметноста на живеењето во бистроата

Француското Министерство за култура оваа недела ќе го разгледа барањето на едно здружение за уметност на живеењето во бистроата да се воведе во нематеријалното културно наследство на Франција. 

Претседателот на Здружението за признавање на бистроата како културно наследство Ален Фонтен, пишува Франс прес, вели дека бистрото е место за дружење на шанк, наутро со кафе и кроасан, на пладне со ручек, а кон тоа се вообичаени и разговорите за лошто време до критиките за дневна политика.

Но уметноста на живеењето во бистроа се наоѓа во криза поради затворањето на угостителските објекти поради мерките за заштита.

„Во бистроата постојат ритуали, посебен жаргон, начин на кој се повикува келнерот, се нарачува пијалок и храна“, рече Фонтен и додаде кога едно бистро че се затвори во некое помало место, исчезнува и душата на тоа место.

Во бистрата се собираат луѓе од разни профеии, возраст и религии, додека пијалокот и храната се многу поефтини отколку во класичните ресторани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот