Фото: Профимедиа

Во Европа секој ден умираат 10.000 луѓе од кардиоваскуларни болести 

Кардиоваскуларните болести се причина за четири смртни случаи од 10 во Европа, што значи дека 10.000 луѓе умираат од овие болести секој ден на европскиот континент, а четири милиони годишно, објави во средата Светската здравствена организација (СЗО), советувајќи ги Европејците да консумираат помалку сол.

– Спроведувањето на политиките за намалување на внесот на сол за 25 отсто може да спаси околу 900.000 животи изгубени поради кардиоваскуларни болести до 2030 година – рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

На Стариот континент, секој трет возрасен на возраст меѓу 30 и 79 години страда од висок крвен притисок, кој често е резултат на прекумерна потрошувачка на сол.

Дури 51 од 53 европски земји консумираат просечна количина сол над највисокото препорачано ниво на СЗО од пет грама или една кафена лажичка дневно, главно поради консумирање преработена храна или прекумерно посегнување по грицки.

СЗО предупредува дека прекумерното консумирање сол го зголемува артерискиот притисок, кој е еден од главните фактори за развој на кардиоваскуларни заболувања кои можат да предизвикаат срцеви и мозочни удари.

Европа има највисока преваленца на висок крвен притисок во светот, а мажите имаат двојно поголем ризик да умрат од кардиоваскуларни болести отколку жените.

Исто така, веројатноста да се умре млад од овој тип на болест, на возраст од 30 до 69 години, е пет пати поголема во Источна Европа и Централна Азија отколку во Западна Европа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот