Во Европа се појавија првите случаи на „мистериозна“ пневмонија кај децата

Фото: Rawpixel

Болеста што ја потресе Кина, за која се смета дека достигнала ниво на епидемија, во моментов ја тресе и Данска, каде се забележани првите случаи на микоплазмична пневмонија.

Данските лидери истакнале дека антибиотиците базирани на пеницилин се бескорисни за овој тип на пневмонија.

Се вели дека болеста, која многумина ја нарекуваат „мистериозна“, ги погодува претежно деца на возраст меѓу шест и 12 години.

Холандија пред неколку дена објави дека се справува со бран заболени од пневмонија, а слична е ситуацијата и во Шведска.

Данскиот институт Стејтенс истакнал дека стапките се тројно зголемени во последните пет недели и дека повеќе деца ќе бидат заразени оваа зима, пишува „Дејли мејл“.

Станува збор за микоплазмична пневмонија, болест слична на грип, а најчести симптоми се треска, замор, главоболка, болки во грлото и долготрајна кашлица.

Она што е различно во споредба со класичната пневмонија е тоа што антибиотиците базирани на пеницилин не влијаат на оваа бактерија.

Истражувачите од тој дански институт истакнаа дека оваа болест ја очекувале веќе некое време и дека епидемијата не е невообичаена и дека Данска ја погодува најчесто во есен и рана зима.

„Во последните четири години, бројот на заболени од микоплазма е исклучително низок и не е невообичаено што сега имаме епидемија“, вели Хане-Дорт Емборг, научник-истражувач од тој дански институт.

Таа наведува дека тоа се очекувало откако земјите беа затворени за време на корона и дека неодамнешниот скок е можен бидејќи децата не го поминале вирусот за време на пандемијата.

„Токму поради тоа што бројот беше мал во последните три и пол години, сега очекуваме бројот да скокне бидејќи има многу деца кои не биле во контакт со вирусот“, посочи таа.

Емборг додаде дека пораст е забележан и во Шведска, како и во Сингапур.

Бидејќи нацијата се соочува со барања за повеќе податоци за појавата, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека нацијата ја има ситуацијата под контрола.

„Тоа е многу честа појава во многу земји, но во Кина е ставена под контрола“, изјави тој за новинарите во Њујорк.

Професорот Пол Хантер, експерт за заразни болести на Универзитетот во Источна Англија, рече дека проценката на Данска за ситуацијата има смисла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот