Фото: EPA/ Instagram

Во домот на познатиот актер упаднал готвач, мавтајќи со нож им се заканувал

Во домот на познатиот британски актер Бенедикт Камбербач упаднал готвач кој замавнувал и се заканувал со нож за риба, додека тој и неговото семејство биле внатре, пренесува „Дејли мејл“.

Имено, Џек Бисел (35), упаднал преку градината на имотот на актерот, во северен Лондон, викајќи и заканувајќи му се на Камбербач, по што го плукнал и со ножот го откорнал домофонот од ѕидот на куќата. За ова време актерот, неговата сопруга Софи Хантер и трите мали деца биле сведоци на агресивниот упад.

Фото: EPA/WILL OLIVER

На суд било објавено дека Бисел, без никакво објаснување извикувал: „Знам дека се преселивте овде, се надевам дека сè ова ќе изгори“.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Според Дејли Мејл, тој потоа побегнал од местото на настанот, но за брзо бил уапсен, откако полицијата ја пронашла неговата ДНК на домофонот. Извор за весникот изјавил дека целото семејство било преплашено, мислејќи дека ќе ги повреди.

Тригодишна забрана за приближување

Откако пред судот се изјаснил за виновен, Бисел бил казнет со 250 фунти и тригодишна забрана за приближување до семејството Камбербач и областа каде што живеат. Тој не ги бранел своите постапки и сè уште не е разјаснето зошто познатиот актер му бил цел при упадот.

Фото: Instagram/ jackdanielbiss


Обвинителите додале дека пред да упадне во нивниот дом, готвачот купил две пакувања леб од блискиот маркет и на продавачот му нагласил дека ќе упадне во куќата на Камбербач и ќе ја запали.

Фото: Instagram/ jackdanielbiss

Инаку, поранешниот готвач бил уапсен во 2015 година, додека протестирал против воената интервенција во Сирија, а работел во хотелот „Бомонт“ од 2017 до 2018 година и од 2019 до 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот