Македонскиот мрморец (Triturus macedonicus) / Фото: Википедија / Benny Trapp

Во Дојранското Езеро се мешале македонскиот и балканскиот мрморец, открија научниците

Македонскиот мрморец (Triturus macedonicus) е ендемичен вид водоземец, кој најчесто живее во или во близина на бари, локви и други водни тела и тој е различен од балканскиот мал мрморец (Lissotriton vulgaris). Генетските анализи покажуваат дека Дојран претставува зона на хибридизација меѓу двата вида, што го прави ова подрачје особено значајно за понатамошни истражувања, велат од Македонското еколошко друштво.

Според експертите, деталното проучување на овие популации е од клучно значење за разбирање на нивната динамика и за идната заштита на видовите. Ова е особено важно за балканскиот мрморец, кој е класифициран како национално загрозен вид според Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).

Хибридизацијата меѓу двата вида, доколку продолжи, може дополнително да ја намали дистрибуцијата на загрозениот балкански мал мрморец, предупредуваат научниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот