Дела од австрискиот уметник Бернхард Холеман (1935–2020)

Во чест на Бернхард Холеман во галеријата на МАНУ ќе биде отворена изложбата „Три приказни“

Асоцијацијата за култура ИКОН, во соработка со Македонската академија на науките и уметностите, го најави отворањето на изложбата „Три приказни“, посветена на 90 години од раѓањето на австрискиот уметник Бернхард Холеман (1935–2020), голем пријател на Македонија и автор со длабока визуелна и духовна поетика.

Отворањето на изложбата ќе се одржи на 12 јуни 2025 (четврток), во 19:30 часот, во изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени дела создадени во Македонија, распоредени во три тематски циклуси: „Богомолки“ – посветен на симболиката на инсектот богомолка; „Во слава на виното“ – омаж на виното како културен и духовен симбол; и „Свети Наум како ликовен сон“ – инспириран од манастирскиот простор на Охрид.

Оваа изложба претставува ретка можност публиката да се запознае со уметност која ги поврзува природното, човековото и трансценденталното. Делата на Холеман се сведоштво за креативниот дијалог меѓу Австрија и Македонија и придонес кон европската културна сцена. Изложбата ќе биде достапна за јавноста во текот на јуни 2025 година, соопштија од Асоцијацијата за култура ИКОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот