Работилницата ќе ја поттикне мотивацијата и желбата кај младите за изработување мозаици

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп почна работилница за мозаик за млади

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од 11 до 13 јуни за првпат се реализира работилница за мозаик за млади. На работилницата учествуваат талентирани ученици од општинските училишта. Овој проект работилница за мозаик се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.

– Како искуство и позитивен исход од веќе реализираната работилница во 2021 година и во 2022 година во Штип, решивме да го реализираме проектот во Прилеп и да ја поттикнеме мотивацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност – велат од секторот за ликовна дејност при ЦК „Марко Цепенков“.

Интересот за учество на учениците е голем, бидејќи практично ќе научат како се создава мозаик. Предавач на работилницата е м-р Александра Димитрова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот