Фото: ,,Слободен печат“ / Драган Митрески

Во цела Европа има поскапувања, инфлацијата не е проблем само во Македонија, вели Димитриеска Кочоска

„Инфлацијата не е проблем само во Македонија, туку проблем е во цела Европа. Ова е резултат на пост-ковид пандемијата, меѓутоа не е само резултат на тоа, туку на недостигот на работна сила на секоја една земја членка од Унијата. По природен пат имаме притисок, пред сѐ, во приватниот сектор каде што просечната плата расте, ние во Македонија имаме раст на просечната плата за една година 10,1 процент, а инфлацијата во последниот месец е 4,8 проценти, што значи животниот стандард не е подјаден, напротив имаме поголем раст на платите, отколку што е растот на инфлацијата“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вечерва во гостување во „Тема на денот“ на „Сител“.

„Нема ‘магично стапче’ кога станува збор за инфлацијата“, рече Димитриеска-Кочоска и нагласи дека тоа е проблем којшто бара коренити реформи. Државата, додаде, на краток рок може да ги замрзнува цените или маржите, но, како што рече, на подолг рок на државата ѝ требаат поголеми реформи во областа на производство на храна, како и во начинот на субвенционирање на земјоделството.

„Најголемиот раст го има кај зеленчукот и овошјето и тоа не е случајно, најпрво, затоа што имавме таква пролет каква што имавме и немаме доволно производство. Ни требаат повеќе инвестиции во делот на земјоделството кои што ќе го заштитат производсвото од ран мраз, суша, град и тн. Има такви инвестиции кои што се познати во соседните земји треба само да пристапиме кон тоа, но тоа не дава резултати преку ноќ. Во исто време, треба да поддржуваме отворање на нови производствени капацитети, бидејќи инфлацијата ние најмногу таму ја чувствуваме, како и во угостителството, кое што од друга страна се поврзува со растот на просечната плата, а тоа е нешто што ќе трае поради недостигот на квалификувана работна сила која што ќе прави притисок понатаму на инфлацијата“, рече министерката.

Владата, додаде таа, подготвува некои мерки и наскоро ќе излезе со предлози, но, како што рече, повторно тие би биле на краток рок, додека, според неа, на државата ѝ треба решение кое што би било подолгорочно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот