
Во безсознание, со пореметена свест и повреди по телото четворица малолетници пронајдени во куќа, пренесени се на Токсикологија
Во бессознание, со повреди по телата, тешко контактибилни и со пореметена свест четворица малолетници, две момчиња и две девојчиња се пренесени на Клиниката за токсикологија, откако од страна на полицијата биле пронајдени во куќа во Скопје.
Препорачано
Децата, кои се на возраст од 14 до 17 години, во моментот се на лекување и им се прават испитувања, oбјави Телма.
„На Универзитетската клиника за токсикологија се донесени 4 малолетни деца во исклучително тешка општа здравствена состојба. Се работи за малолетници на возраст од 14 до 17 години, две машки и две женски. Веднаш се опсервирани од нашата дежурна екипа и почнато е со соодветна терапија и клинички испитувања. Примени се во одделот за интензивна нега и лекување. Две од децата се до сега прилично стабилизирани, затоа што биле и со пореметена свест, сите четворица, а другите две деца се пратени на дополнителни иследувања, кои што сѐ уште траат и не се завршени“, изјави за Телма д-р Чибишев.
Од МВР нформира дека полициски службеници од СВР Скопје по пријава за нарушен јавен ред и мир утврдиле дека во куќата на 40-годишниот Д.Г. имало четири деца од кои две биле во бессознание и консумирале алкохол и психотропни супстанци. На терен е излезен и јавен обвинител.