Згради станови / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во април издадени драстично поголем број дозволи за градење, најмногу се за згради во Скопје

Во април годинава се издадени 357 одобренија за градење, што е за дури 38,9 проценти повеќе во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Дозволите издадени во овој период се однесуваат на изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60.833 метри квадратни.

Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион – 89, по што следуваат Југозападниот со 74, Полошкиот со 62, Источниот со 40, Југоисточниот 31, Вардарскиот 26, Пелагонискиот 23, а најмалку, 12, во Североисточниот регион.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 316 119 000 денари, што е за 10,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (49.6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 61 (17.1 процент) за објекти од нискоградба и 119 (33.3 проценти) за објекти за реконструкција.

На 154 (43.1 процент) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 (56.9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60 833 метри квадратни. Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во Југозападниот, 125 во Полошкиот регион, 63 во Источниот регион, 16 во Вардарскиот регион, 14 во Југоисточниот регион, 10 во пелагонискиот и три во Североисточниот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот