ВМРО-Народна партија бара Владата да купи турски дронови „Бајрактар”

„Од војната меѓу Украина и Русија гледаме дека дроновите се покажаа како многу ефикасно оружје за напад но и за одбрана на сопствената територија“, се вели во соопштението кое денеска го испрати ВМРО-Народна партија.

Оттаму велат дека од средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама дознавме дека и „Албанија купила од ова моќно турско оружје наречено „Бајрактар” а веќе е и најавено дека и Косово ќе купи од истите тие дронови“.

„ВМРО-Народна партија ја повикува Владата на Северна Македонија, а посебно и Министерството за одбрана во догледно време исто така да влезе во преговори со нашиот турски пријател за купување на соодветна количина на дронови. Не гледаме причина зошто овие наши два соседи да поседуваат такво оружје, а македонската одбрана да биде надвор од тој процес“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот