Фото: Архива на „Слободен печат“

ВМРО-ДПМНЕ: За Судскиот совет животот на Теодора вреди две години затвор

„Парасистемот на СДС и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешното соопштение на Судскиот совет околу судијата Ељведин Ферати од Тетово, кој пресуди две години затвор за возачот кој ја уби 22-годишната Теодора Ристевска на пешачки премин.

„Судскиот совет денес ја обелодени вистината – за нив, животот на Теодора вреди две години затвор. Тоа е нивната „правда“. Срамна, понижувачка и целосно дискредитирана. Да биде појасно: сите членови на овој Совет се избрани од СДС и ДУИ, во времето на Заев и Филипче. Тоа е нивниот Совет. Нивната мрежа. Нивниот инструмент за заштита на своите и покривање на криминалот. Ова не е изолиран случај, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ова е дијагноза на системот – болен, трул, партизиран до коска“, велат од партијата.

„Судии кои не се водат од закон, туку од партиска лојалност. Совет што не штити правда, туку крие срам. Кога велиме „калуѓери што мрсат и во петок“, мислиме на лицемерие без граници. Морален распад. Луѓе без срам кои носат одлуки со кои се убива надежта дека правдата постои. Но нема да остане така. Овој систем ќе падне. Ќе има независен судски систем, ќе има правда. Ќе има одговорност“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Судски совет на линија со судиите – Ферати не смеел да ја измени пресудата на штета на обвинетиот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот