Општина Тетово

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ немаат свои кандидати за градоначалник на Тетово

Општинската изборна комисија во Тетово соопшти дека за функцијата градоначалник, на претстојните локални избори, се пријавиле вкупно шестмина кандидати, а за место во општинскиот совет ќе се борат листи на десетмина подносители. ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ немаат свои кандидати за градоначалник, туку само листи за советници.

Кандидатура за градоначалник поднесоа Биљал Касами од коалицијата „Вреди“, Бајрам Реџепи од коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) – двајцата главни кандидати за функцијата. Своја кандидатура за градоначалник поднесоа и Изет Зејнеловиќ од партијата Демократи, Катка Божиновска од Левица, Самка Ибраимоски од коалицијата „Искуство за успех“ (ЛДП, ГРОМ, ПЦЕР и Интегра), како и Стевица Сарковски од ВМРО-Народна партија.

За советници се пријавени листите на Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“, партијата Левица, Движењето ЗНАМ, Демократската партија на Турците во Македонија, коалицијата предводена од СДСМ, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-Народна партија, коалицијата „Искуство за успех“ (ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР), коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ и на коалицијата „Вреди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот