Промоција на Тони Коњановски за кандидат за втор мандат на чело на Општина Битола / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го промовира Коњановски за втор градоначалнички мандат во Битола

Во рамки на одбележувањето на 35 години од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, денес во градот се одржа и официјалната свечена промоција на Тони Коњановски како кандидат за втор мандат како градоначалник на Општина Битола.

Пред бројните членови, симпатизери и поддржувачи, Коњановски ја изрази својата благодарност за укажаната доверба и поддршка, ветувајќи дека со тимска работа, посветеност и визија ќе продолжи да се бори за поразвиена и посовремена Битола.

Тој во обраќањето не пропушти да му се заблагодари на партискиот лидер, Христијан Мицкоски, за довербата и поддршката.

„Особена благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, за дадената доверба и јасната поддршка. Верувам во проекти, во резултати и во љубов кон нашиот град,“ рече Коњановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот