Трајко Славески/ Фото: Фејсбук

Славески: Арсовска е нервозна, ѝ треба одмор

„Пред летните одмори, градоначалникот Арсовска изјави дека ќе работи цело лето и нема да земе одмор. Мој совет е да си земе малку одмор, затоа што се гледа нервоза, а во нервоза и брзоплетост се прават грешки. Од она што го гледам и од она што постојано се случува во градската администрација, беше јасно дека потребен е одмор. Госпоѓата Арсовска на моменти да изгледа како четиригодишно дете, кое што има чеканче во рака и секој предмет што е околу него го гледа како клинец, како шајка и само удира. Тоа удирање треба да запре“, изјави вечерва Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на советот на град Скопје.

Однесувањето на Арсовска односно разрешувањето на најблиските соработници, на директорите на јавните институции, за Славески „не изгледа како постапка на искусен менаџер“.

„Во интерес на граѓаните, со извлекување поуки од ова што се случува, доведување на работите и однесувањето на своето место, како возрасни личности да продолжиме да функционираме во интерес на граѓаните на Градот Скопје. Јас тоа го ветувам, без разлика колку долго ќе останам претседател на Советот, ветувам дека советот така ќе продолжи да функционира, посакувам и сите останати така да функционираат“, рече Славески.

Одговарајќи на прашање за тоа како во следниот тежок и кризен период ќе профункционираат институциите во кои Арсовска ги смени директорите, тој рече дека на новите директори ќе им биден потребен одреден период за да се прилагодат на институциите, но додаде дека од името на Советот на градот Скопје, а тоа го кажувал и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, „ќе направат сѐ институциите да функционираат на најдобар можен начин во овие тешки моменти и предизвици кои претстојат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот