ВМФЛ: Беса ја дели само еден бод од историски пласман во ПМФЛ, блиску е и Пелистер

Фото: KF BESA

Тимот Беса продолжи со победите во Втората македонска лига и сега е само на бод од историски пласман во највисокиот ранг на македонскиот фудбал.

Денеска Беса славеше со 2:0 против Арсими со што дојде на 14 бода предност од Детонит кој е трет на табелата на пет кола пред крајот. Ова значи дека во следниот натпревар против второпласираниот Пелистер, Беса со еден освоен бод може да го потврди пласманот во ПМФЛ.

Триумфот денеска против Пелистер беше 21. во низа во првенството за Беса. Блиску до враќање во друштвото на најдобрите е и Пелистер кој го победи Охрид со голот на Љамчевски од пенал. За овој натпревар охридскиот тим имаше замерки на судиите.

ВМФЛ РЕЗУЛТАТИ:
Арсими – Беса 0-2
Детонит – Беласица 1-0
Скопје – Тетекс 2-0
Каменица Саса – Новаци 1-3
Караорман – Победа 0-2
Кожуф – Осогово 2-0
Пелистер – Охрид 1-0
Вардар Неготино – Караорман 1-0

ТАБЕЛА: Беса 66 бода, Пелистер 60, Детонит 42, Арсими 41…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот