Фото: Ghulam Islam Khan / Google Maps

ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување на повредени од Кочани

Воено-здравствениот систем и ВМА се достапни за евентуално дополнително сместување на повредени во пожарот во Кочани доколку има потреба.

„И за оваа задача што ја извршивме, сите мои колеги доброволно се пријавија, доброволно учествуваа во транспортот, кој е еден од комплицираните облици на транспортирање такви пациенти, па доколку има потреба – стоиме на располагање и тука сме повторно да му помогнеме на народот во Северна Македонија“, изјави за РТС потполковник Горан Рондовиќ, анестезиолог од Клиниката за анестезија и интензивна нега на ВМА.

Тој додаде дека 30 пациенти повредени во пожарот се на лекување во Србија, од кои 12 се лекуваат во военото здравство, а останатите во цивилниот здравствен систем.

„Станува збор за изгореници предизвикани од ефектите на висока топлина и повреди од вдишување, што се распространети кај поголемиот дел од повредените во оваа трагедија, бидејќи тие биле затворени во запалениот простор и изложени на висока топлина“, рече Рондовиќ.

Според него, тешко да се предвиди времето на опоравување на пациентите, но дека нивното закрепнување, доколку нема компликации, може да се очекува најмалку за недела или две.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот