„Вкуси го југот“/фото: Приватна архива

Влатко Стефановски Трио, Наум Петрески, Дац и Александар, Викторија Лоба на „Вкуси го Југот“ во Гевгелија

Гевгелија е местото каде овој викенд се спојуваат музиката, храната, пијалаците и доброто расположение и забава. Второто издание на фестивалот „Вкуси Го Југот – Taste The South“ во Гевгелија ќе се одржи од 13 до 15 септември. Сцената ќе биде поставена  на паркингот на новиот пазар „Сава Михајлов“.

Организаторите најавуваат богата музичка програма со бројни културно уметнички друштва и музичари од локалната сцена и регионот, ќе настапат Викторија Лоба, Наум Петровски, Влатко Стефановски Трио, Пајак и Лара Иванова, Дац и Александар, Зијан, ХИТС ТРИО, Паркети, Фиц енд Д Инвизиблс, а за хуморот со свој стендап ќе настапи познатиот гевгелиски комичар – Дејан Мазларков Диверзија.

– Освен богатата музичка програма на фестивалот ќе има поставени штандови со вкусна храна и пијалаци од Гевгелија и регионот, како и домашни уметнички изработки – наведуваат организаторите.

Оттаму додаваат дека и оваа година не се изоставени најмладите за кои повторно ќе има богата детска програма со детскиот фестивал „Калинка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот