Фото: Министерство за дигитална трансформација

Владина делегација во славното Смилево

Историските чекори не се прават кога е лесно, туку кога е неопходно, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ја предводи владината делегација во Смилево, во состав од заменикот министер за финансии Николче Јанкулоски и заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска.

Како што соопштија од Министерството за дигитална трансформација, тие положиле свежо цвеќе на неколку локации во Смилево по повод чествувањето на големиот празник 2 август – Ден на Републиката – Илинден.

– Денес сме овде, во Смилево – местото каде што минатото е жив организам. Место каде што секој камен зборува, а секоја педа од земјата сведочи за борбата, визијата и жртвата на оние кои пред 122 години го поплочија патот на македонската државност. Смилевскиот конгрес и Илинденското востание не настанале во време на просперитет, туку во време на репресија, сиромаштија и поделби. И токму затоа храброста на Илинденците е и поголема. Тие не чекале идеални услови – тие ги создале условите преку дејствување, преку организација, преку солидарност, истакна во своето обраќање министерот Андоновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот