Фото: Споменикот Илинден оштетен / Принтскрин - Монтажа

Владата најави интервентна заштита на споменикот „Македониум“

Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во Прилеп, во вредност од 2,5 милиони денари, кој ќе биде реализиран до крајот на годинава, информираше денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.

Таа најави дека НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи и на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, кој треба да биде финализиран до средината на следната година. Потоа Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирање на целосната реконструкција.

ВИДЕО | Споменикот „Илинден“ скапува под вода

Митева потенцира дека сегашната состојба на споменикот не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно непостапување. Реконструкцијата на „Македониумот“, како што додаде таа, почнала пред повеќе години и требало да заврши во 2017 година, но процесот бил прекинат со симнување на скелето, оставајќи го споменикот без соодветна заштита.

-Наша обврска е да преземеме конкретни и одговорни чекори за заштита и реставрација на „Македониумот“ поради неговата културна и национална важност – нагласи Митева.

Дојче веле објави дека за време на посилни дождови подот на споменикот „Илинден“ во Крушево се наоѓа под вода, витражите се уништени, подот е напукнат, а прозорските рамки се рѓосани. Водата стигнува и до гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев. Во подобра состојба не е ниту надворешната фасада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот