Бенјамин Нетанјаху/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Владата на Словенија го прогласи Нетанјаху за персона нон грата

Словенечката влада го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за персона нон грата на денешната седница и му забрани влез во земјата.

Државниот секретар во словенечкото Министерство за надворешни работи, Неве Грашиќ, потсети дека Словенија презела иста мерка против министрите Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотриќ, кои беа прогласени за персона нон грата во јули.

„Јавноста е свесна дека против него се води постапка за воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики ги кршат и меѓународното хуманитарно право и човековите права“, рече Грашиќ.

Таа додаде дека со оваа одлука, Владата испраќа јасна порака до Државата Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и меѓународното хуманитарно право, објави Ројтерс.

Со тоа Словенија „ја потврдува својата посветеност на меѓународното право, универзалните вредности на човековите права и принципиелна и конзистентна надворешна политика“.

Словенија е членка на Европската Унија која ја призна палестинската држава минатата година. Во август, таа воведе ембарго за оружје врз Израел и воведе забрана за увоз на стоки произведени на палестинските територии окупирани од Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот