Фото 'Слободен печат' - Здравев Методи

Владата мора да ги субвенционира придонесите, вели Миле Бошков- претседател на Конфедерацијата на работодавачи

Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавачите, информира дека минатата недела, преговарале со ССМ и дека имаат приближен став околу зголемувањето на минималната плата. Бошков, сепак, додаде дека по средбата со претставниците на малите и микропретпријатија и занаетчиите, станало јасно дека наглото зголемување на минимлацерот е преголем товар нив.

-Според Методологијата во март, минималецот треба да биде скоро 25.000 денари, а нашиот предлог е покачувањето од 1.000 до 9.000 денари, да биде помогнато од Владата преку социјалните придонеси барем за една година. А понатаму нормално со зајакнување на економијата, да се надеваме дека овие плати ќе бидат исплаќани во целост. Предлогот на ССМ е минималецот да биде 27.000 денари, а ние имаме шанси, доколку Владата не поддржи со субвенции, тие плати да бидат зголемени до 34.000 денари. Вака би постигнале поголем раст во регионот. Основата за покачувањето на минималецот да биде согласно Методологијата, а со посебни Колективни договори во договор со синдикатите да има покачување и до 34.000 денари. Најважно е бројот и на вработени и на компании да остане ист и да не дозволиме да има згаснување на фирми и намалување на вработените – додаде Бошков.

И Благоја Ралповски од КСС, потврди дека на седницата на Економско-социјалниот совет нема да се расправа за минималецот, туку за потрошувачките кошници. Тој рече дека заеднички треба да се најде модел за скротување на цените.

-Минималната плата има формула како да се покачи во март, а ние ќе дадеме предлози за поголемо зголемување. Ќе видиме како ќе се одвива дискусијата. Имаме свои идеи како Владата да помогне, но да не предизвикаме некои инфлаторни притисоци – додаде Ралповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот