unsplash

Вкусете нешто поразлично: Грузиски специјалитет – Хачапури

Дали сте знаеле дека Хачапури е традиционално грузиско јадење кое честопати е дел од трпезата на многу семејства во Грузија, но и во државите на поранешниот Советски Сојуз. Постои во различни варијанти, кои се разликуваат како по облик така и по состојките.

Харапучи може да најдете во облик на кајче со додаток на јајца или кружен облик, изборот е ваш. Доколку сакате да вкусите нешто поразлично, имаме совршена идеја за вас…

СОСТОЈКИ:

  • 100 мл млеко
  • 100 мл вода
  • 5 г сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 300 г брашно
  • 30 мл масло
  • 250 – 300 г рендан кашкавал
  • 3 јајца
  • 30 г путер

ПОДГОТОВКА:

Во сад ставете го брашното, квасецот, солта, шеќерот и додајте ја мешавината од вода и млеко, па замесете тесто. Покријте го и оставете го да стасува 15 минути. Размесете го и оставете го да стасува уште 30 минути. Потоа ставете го на работна површина и поделете го на три дела, па секој расукајте го во круг. Од две страни ставете кашкавал, па почнете да ги виткате краевите навнатре, така што ќе добиете форма на чамец. Средината наполнете ја со рендан кашкавал. Рабовите
премачкајте ги со матено јајце и печете во плех обложен со хартија, 15 минути на 220 степени. Извадете ги, па во секое од нив скршете по едно јајце и вратете да се допечат. Кога ќе се готови извадете ги од рерна и веднаш на секое хачапури ставете по едно мало парче путер, да се стопи.

Пријатен апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот