Скопје, Инфективна клиника / фото: МИА

Вкупно 283 случаи на грип пријавени минатата недела

На ниво на држава, пријавени се 283 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот, за време на 15. недела од 2025 година, односно од 7 до 13 април. Тоа претставува 11,3 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 15. недела од минатата сезона, е зголемен за 95,2 отсто, а во споредба со бројот за 15. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 2,2 пати, соопшти попладнево Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Заболените биле пријавени од 18 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 113, Тетово – 43, Гостивар – 33, а во останатите, бројот на заболени е еднаков или помал од дваесет.

Во текот на оваа недела, во 14 извештајни единици се регистрира многу ниска, а во четири – сезонска активност на вирусот на грип.

Вкупно 25.613 случаи на грип и заболувања слични на грипот се пријавени во сезоната 2024/2025 година. Споредено со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 73,2 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 23,6 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани беа пет починати лица асоцирани со грипот.

Податоците на ИЈЗ покажуваат дека заклучно со 15. недела, во Република Северна Македонија, вакцинирани биле вкупно 72.296 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот