Фото: илустрација / Pixabay

Вкупно 23 случаи на сомнителни операции на срце се пријавени кај здравствените власти

Уште десет случаи на кардиолошки операции за кои пациентите се сомневаат дека им биле извршени без медицинска потреба, се пријавени во Фондот за здравствено осигурување, а пријавители се граѓани и организации. Претходно, до надлежните стигнаа и пет предмети кои сега ги разгледува посебна комисија.

Според извори на „Телма“ приватна болница ќе достави и нови десетина случаи на сомнителни операции кои биле извршени во државни болници.

Министерството за здравство пред две недели побара од Лекарската комора да изврши надзор во 11 јавни и приватни здравствени установи во кои се извршувале кардиолошки, кардиохируршки и кардиоваскуларни интервенции, по наводите на кардиохирургот Сашко Кедев дека во приватни болници во земјава се вршеле непотребни зафати на срце заради профит.

Надзорот, како што појаснуваат од Комората, треба да опфати период од три години, и да се изведе по принцип на случаен избор на медицински истории. Но, поради обемноста, велат побарале од здравство изборот да се направи преку електронскиот систем „Мој термин“, како најбрз начин за селекција, со цел побрзо да почне надзорот.

По обвинувањата дека приватни болници непотребно оперирале само за профит, министерот за здравство формираше две комисии, домашна и странска, кои треба да ги разгледаат сомнежите.

Експерти од Словенија, Италија и Австрија ќе треба да кажат дали сомнежите се оправдани и дали навистина имало непотребни операции на срце за да се извлечат фондовски пари. Најавено е дека странската комисија ќе почне со работа по изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот