Фото: Национална пливачка федерација

Вкупно 17 маратонци ќе учествуваат на 38. Охридски пливачки маратон

Вкупно 17 пливачи и пливачки од седум држави ќе земат учество на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи на 30 август во водите на Охридското Езеро.

Кај мажите Македонија ќе ја претставуваат двајца маратонци, Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Петар Цеков и Лазар Поп Трајков.

Во женска конкуренција единствената наша маратонка е Росана Гошева.

Во машка конкуренција ќе настапат 10 пливачи: Александар Илиевски – Македонија, Леонид Мишевски – Македонија, Акуилес Балаудо – Аргентина, Матео Фурлан – Италија, Хуго Риберио – Португалија, Матиас Дијас Хернандес – Аргентина, Федерико Тамборино – Италија, Марко Инглима – Италија, Петар Цеков – Македонија, Лазар Поп Трајков – Македонија

Во женска конкуренција ќе настапат седум пливачки: Елена Лионело – Италија, Росана Гошева – Македонија, Алисја Гедриш – Полска, Милица Љубисављевиќ – Србија, Ерика Абигал Јенсен – Аргентина, Еда Сајин – Турција, Мајте Ајлен Пука – Аргентина.

Минатата година на 37. издание на Охридскиот пливачки маратон кај мажите триумфираше Матеус Еванжелиста од Бразил, а кај жените Каролин Жуис од Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот