Визер авион патници / Фото: Драган Митрески

„Виз Ер“ ќе лета до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авиолинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Наполи и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Џозев Варади, главниот извршен директор на Виз Ер.

Николоски соопшти дека „Виз ер“ на Скопскиот аеродром од следната година ќе има постојана флота со шест авиони и оти прави замена на постојните Ербас А320 со Ербас А321 нео. Бројот на 200-те вработени од држава во авиокомпанијата се планира да се зголеми за 100.

Како што посочи Николоски, авиокомпанијата ќе го зголеми капацитетот за патници за околу 50 проценти од следната година и ќе понуди 3.300.000 седишта за Македонија.

-Имаме навистина убава оперативна платформа во земјата, шест летала до крајот на годината, рути од Скопје и Охрид и над 200 вработени во земјата, а сето тоа доаѓа до 3,3 милиони седишта што ќе бидат достапни во 2026 година што е голем скок во однос на 2012 година, рече Варади.

Како што информира Николоски, субвенциите за авиокомпанијата ќе изнесуваат по девет евра по патник на доаѓање на Скопскиот аеродром и 12 евра на Охридскиот аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!