Лав / Фото EPA-EFE/Daniel Irungu

Вистинска драма во Турција – лав избега од зоолошка и нападна човек

Лав кој избегал од зоолошка градина денeска нападнал и сериозно повредил човек во јужна Турција. Лавот „Зевс“, како што објавуваат турските медиуми, избегал од зоолошката градина „Земја на лавовите“ во Манавгат, на брегот на Средоземното Море, и неколку часа подоцна нападнал 53-годишен маж додека спиел надвор, изморен по наводнување на нива со ф’стаци.

Слушнав звук, кога го подигнав ќебето, лавот легна врз мене. Се боревме, го фатив за вратот и го стиснав. Во тој момент малку се оттргна од мене, изјавил Сулејман Кир за агенцијата „Демирорен“.

Кир е хоспитализиран со рани на главата и рамото. Полициски екипи и дронови го лоцирале лавот во близина на хотелски комплекси. Подоцна лавот бил усмртен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот