Фото: Фејсбук/Гледстонова библиотека

Вистинска атракција: Единствената библиотека во светот каде читателите можат да преспијат

Познатата Гледстонова библиотека во велшкото село Харден претставува голема туристичка атракција, во која читателите можат и да преспијат.

Библиотеката го носи името на познатиот британски политичар од 19. век – Вилијам Гледстон, кој го поседувал ова здание и го оставил во аманет на својата татковина.

Основата на библиотеката е импресивната колекција од 32.000 книги. Но, со текот на времето, таа бројка се зголемувала и денес брои повеќе од 150.000 наслови.

Фото: Фејсбук/Гледстонова библиотека

Библиотеката во Велс била отворена за јавноста во 1894 година, а првите гости кои ја поминале ноќта таму ја посетиле во 1906 година.

Има 26 соби, читална, удобни салони за релаксација каде што можете да разговарате и да пиете чај. Во библиотеката има и ресторан во кој се служи свежа храна во текот на денот, а добро одржуваниот просторен имот е идеален за уживање во долги прошетки.

Фото: Фејсбук/Гледстонова библиотека

Меѓу посетителите има љубители на книги од различни профили, од студенти, научници, истражувачи, писатели, до љубопитни туристи.

Гледстонова библиотека организира разни настани за своите посетители – посети на писатели, работилници за креативно пишување. „Гледфест“, фестивал на кој се организираат јавни читања, предавања, настапи на познати писатели и други личности од светот на културата, веќе 10 години традиционално се одржува на почетокот на септември. Годинава тој собир во селото Харден се одржа во два дена на 8 и 9 септември.

Фото: Фејсбук/Гледстонова библиотека

Ќерката на Гледстон, Мери Дру, рече дека нејзиниот татко сакал „да им понуди книги кои немаат читатели на оние читатели кои немаат книги“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот