Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Винисиус за првпат откри зошто не се појави на доделувањето на „Златната топка“

Винисиус Жуниор за првпат на прес-конференцијата пред натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите пред новинарите зборуваше за церемонијата на „Златната топка“ и воедно потврди дека Реал Мадрид на сите свои членови им забранил да се појават во Париз.

Ќе потсетиме, Винисиус се до последниот ден важеше за прв фаворит за оваа награда, но на крајот таа заврши во рацете на Родри.

„Не се чувствувам предаден бидејќи луѓето гласаат за она што веруваат. Имам свое мислрње, моите соиграчи исто така ми даваат голема поддршка да продолжам да играм и не ни соував дека некогаш ќе ја освојам „Златната топка“, но сакам да ја освојам, како и колку што е можно повеќе титули“, изјави Винисиус.

Беше искрен Винисиус и на прашањето зошто не се појавил во Париз.

„Така одлучи клубот, јас го правам тоа што ќе ми се кажае. Побараа од мене да останам во Мадрид и бев мирен“, изјави бразилскиот фудбалер, потврдувајќи дека бојкотот не го направил самоиницијативно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот