фото: Агенција за млади и спорт

Викендов ќе се одржи 54 Илинденски кајак слалом – ИКАС 2023

Агенцијата за млади и спорт во соработка со кајак федерација одржа прес конференција по повод престојната манифестација која на некој начин ја одбележува убавината на Македонија и Скопје како главна метропола.

На 8 и 9 април ќе се одржи 54 Илинденски кајак слалом ИКАС 2023 и Европски куп во спуст на дива вода Скопје 2023.

Почетокот на трките е закажан за 10.00 часот, а финалето ќе се одржи во недела со почеток од 16.00 часот.

На пресот со свое видување се обратија директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, претседателот на Кајак федерацијата Дрилон Леши, како и техничкото лице во федерацијата, Елена Цуркоска.

Ова е една од најстарите манифестации во Европа, а потврда за успешната организација во сите изминати години го услови и добивањето на организацијата на Европското првенство за сениори во дисциплината спуст на дива вода во месец мај 2023 година.

Агенцијата за млади и спорт ќе помогне во организацијата на оваа манифестација со цел да се претставиме во најдобро светло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот