Photo: Sloboden pecat-Metodi Zdravev

Викендов ќе работи пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“

Новоотворениот пункт за вадење лични документи без закажување во ПС Пролет ќе работи утре и задутре, односно сабота и недела информираат од МВР.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 18.11.2023 (сабота) и 19.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот. Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување“, се вели во соопштението на МВР.

Новиот пункт официјално беше отворен во вторникот. Работното време на пунктот е од 8 до 18 часот, со можност за продолжување на работното време до 20 часот, и дневно може да бидат опслужувани 1000 граѓани по принципот „прв дојден-прв услужен“.

Нов пункт во ПС ”Пролет” за вадење на лични документи / Фото: „Слободен печат“- Методиј Здравев

Министерот Спасовски информираше дека на ниво на целата држава се заменети околу 1 милион и 50.000 патни исправи, околу 900.000 лични карти и 480.000 возачки дозволи.

Досега, 80 проценти од граѓаните во внатрешноста на државата ги замениле личните документи.

Во март годинава поскапеа услугите за вадење лични документи. Личната карта од 190 денари поскапе на 310 денари. Пасошот за лицата над 27 години од 1.500 денари стана 2.000 денари, а возачката дозвола од 280 поскапе на 410 денари. Смената на сите три документи од лице е 2.720 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот