
Видно исцрпена: Прво појавување на Кејт Мидлтон во јавност откако објави дека завршила со хемотерапијата
Британската принцеза Кетрин беше фотографирана со принцот Вилијам, кралот Чарлс Трети и кралицата Камила додека утрово присуствуваа на миса во црквата Кирти Кирк во Балморал.
Препорачано
Принцезата изгледала добро, но на нејзиното лице имало видливи траги на исцрпеност. Ова е првпат таа да биде видена во јавност откако неодамна сподели дека успешно завршила со хемотерапијата, пишува „Дејли мејл“, каде што и можете да ги видите фотографиите.
Кетрин ја носела една од нејзините омилени кафеави капи, која и претходно ја носеше на црковни служби. Принцезата додала и златни обетки „Cassandra Goad Temple of Heaven“. Таа седела на совозачкото седиште од црниот автомобил со кој управувал Вилијам, кој уште еднаш ја покажа брадата со која го привлече вниманието на јавноста во последните неколку месеци.
Catherine spotted going to church this morning with William in Scotland near Balmoral! King Charles and Queen Camilla were also there.
Kate Middleton pictured for the first time since her cancer update
https://t.co/zdJJ5zfrOY— Royal News Network (@RNN_RoyalNews) September 22, 2024
Овие фотографија дојдоа по веста дека таа им се вратила на работните обврски оваа недела. Иако работеше по малку од дома, одржувајќи контакт со нејзините страсни проекти и персонал, како и присуство на финалето на Вимблдон, состанокот означува значаен чекор напред во закрепнувањето на Кетрин.
Не е изненадувачки што таа го избра својот проект „Early Years“ како нејзин прв голем работен настан со оглед на тоа колку е важен за неа лично. Станува збор за подигање на свеста за важноста влијанието на раните години од детството на секој човек.
Да потсетиме, принцезата Кетрин откри дека завршила со хемотерапија со видео, кое го објави минатата недела, и потенцираше дека е фокусирана на целосно закрепнување додека полека се враќа во јавниот живот.Таа рече дека ќе се врати на работа и ќе направи уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци, но нејзиниот фокус е да остане здрава.