
ВИДЕО: Левандовски го однесе Баерн во уште едно финале
вропскиот шампион Баерн Минхен обезбеди пласман во финалето на ФИФА Светското клупско првенство откако во полуфиналето го совлада египетскиот Ал Ахли со 2:0.
Херој на баварците по кој знае кој пат беше Роберт Левандовски кој ги постигна двата гола за својот тим, првиот во 17. минута, а вториот во 86. минута.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Баерн вообичаено уште од првата минута офанзивно влезе во натпреварот, буквално се играше пред голот на Ал Ахли и по асистенцијата на Серж Гнабри, Левандовски во 17. минута го отвори резултатот.
До крајот на првиот дел, Баерн имаше уште три големи шанси, но Марк Рока, Левандовски и Дејвис не беа прецизни.
Во второто полувреме, европскиот шампион го намали темпото но ја задржа контролата над топката и таквата ја круниса со нов гол на Левандовски во 86. минута.
Баерн Минхен во финалето на ФИФА Светското клупско првенство ќе игра против мексиканскиот Тигрес кој во првото полуфинале го совлада Палмеирас со 1:0.
Финалето е на програмата во четврток од 19. часот.