ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тренчевска: Министерот треба да се занимава со политика, а не со политикантство

Јована Тренчевска- Фото: Слободен Печат

Mногу е важно министерот да биде запаметен во јавноста по креирање добри политики и решавање на проблемите на граѓаните, вели дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска во емисијата „Слободен печат“.

– Многу е лошо министерот кога ќе ја преземе функцијата да се занимава со работата на кабинетот, шпекулации или половични информации и манипулации без факти. Ова се прави со цел да се создаде хаос во народот. Ако дојдете во Министерството како министер треба да работите политика, а не политикантство. За две и пол години мандат како министер се донесени многу добри решенија за платите, пензиите и социјалната заштита, социјалните услуги и во детската заштита со отворање голем број градинки – изјави Тренчевска.

Едно од обвинувањата беше дека во време на пандемијата, МТСП не коригирало решенија според кои требало да биде извршена исплатата на социјална помош, усогласена со стапката на инфлација на разни групи.

– Во февруари од лицата што работат на софтверот за социјална заштита бев информирана дека во одредени центри дел од решенијата не беа усогласени, а најголем имало во скопскиот центар. Вистината е дека во пандемијата има одредени пропусти како резултат на неодење на вработените на работа зашто такви беа протоколите за да не се шири вирусот. Меѓутоа, од 2022 до 2024 година до денот додека сум министерка сите решенија се усогласени. Тоа е направено во 2023 година во согласност со трошоците на животот од 2022 година за 14,2 отсто, а во 2023 година трошоците на животот беа 9,3 отсто и на почетокот на 2024 година сите корисници ги остварија своите права и добија нови износи усогласени со трошоците на животот – рече таа.

Во мал дел од центрите не биле коригирани решенијата поради пандемијата, но тоа потоа биле реализирани и најголем број граѓани добиле усогласени решенија со коригирани износи.

– Од вкупниот број 9000 корисници што беше наведен дека не им биле исплатени коригирани износи, денес е останат многу мал дел, на кои ќе им биде извршена исплатата. Ова е на товар на директорите на центрите кои се одговорни пред министерот – изјави Тренчевска.

Целото интервју со Тренчевска можете да го погледнете на следниот линк:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот